На нозе?!


Левичарската либерална буржоазија ја продолжи партијата шах со погрешен потег. Признанието на премиерот од мај на средбата на MSZP фракција (Унгарската социјалистичка партија) беше објавено, и во кое беше речено дека неговата партија ги добила изборите со лаги и дека време е да се ангажираат во искрена и целсосно одговорна политика. Претходно тие презентираа некои податоци за унгарската економија кои изгледаа многу подобро од она што е вистинската состојба. Во нашиот претходен текст насловен како „Потроши ја својата крв!” (аинфос.орг), ние ги објаснивме “новите” експлоатирачки мерки на владата. Некои од нив веќе станаа оперативни, други пак ќе се имплементираат во блиска иднина. Но мора да разјасниме зошто социајал демократскиот либерален блок е приморан да преземе вакви чекори.

Гурчониевата влада сакаше да не стави во заблуда дека нивната економска политика беше издржлива, спротиставувајќи се на општиот капиталистички тренд. Годините што претходеа тие ги зголемија платите, давајќи екстра месечна пензија годишно, ослободувајќи го јавниот доход од данок, ги потпомогнаа претпријатијата (на пример BKV – Будапештката компанија за превоз и MÁV – Унгарската државна железница… спека мораме да работиме нешто!) кои работеа со дефицит. Владата изигруваше социјална држава онаму каде, поради притисокот на меѓународното движење на капиталот, тие требаа да преземат обратни мерки. Националниот дефицит се проценува на преку 20000 билиони форинти, што е 60% од унгарскиот национален производ. Буџетскиот дефицит е повеќе од 10% од унгарскиот бруто национален производ и на овој начин буржоазијата во Унгарија не може да се придружи на евро-зоната, ниту пак да добие финансиска поддршка од ЕУ. MSZP (Унгарската социјалистичка партија) сакаше да ги добие изборите и очигледно сакаа да и одговорат и на работничката класа, па така западнаа во долг. Таканаречените “функции на благосостојба” станаа 60% од буџетот, државните оперативни трошоци дојдоа до 12%. Но се до изборите тие крекаа дека нивото на буџетниот дефицит е приватлив.

Тогаш “покајаничката” исповед пристигна како гром од ведро небо. Владата требаше да имплементира рестрикции се цел да изнајде повеќе пари, па мораа да им објаснуваат на работничката класа зошто ќе ги упропастат нашите животи. Десничарската опозиција, која директно флертува со фашистите, ја засноваше својата стратегија врз податоците обезбедени од власта и ветија Canaan. Па така тие лажеа исто како и нивните социјал-демократски противници. Не морализираме околу валканите дејствиа на буржоазијата, затоа што мислиме дека фалсификувањето, лагите и манипулацијата се основни инструменти на владеачката класа, барања на теророт на буржоаската класа. Буржоазијата, како и да е, според реакцијата на масите траеше кратко, затоа што таа веруваше дека масата е целосно аклиматизирана на биполарниот политички режим. Очигледно е дека ова е само полу-вистина, па така нивната свест-индустрија не е доволно ефективна. Можеме да видиме дека ниту владата, ниту пак опозицијата очекуваше дека бранот на незадоволство делумно ќе замавне по нив. Во последните декади, буржоазијата и нејзините организации станаа многу сигурни во себе, нивната валкана демократија ја успа работничката класа и ја обезаконија социјалната борба, насочувајќи ги конфликтите со власта од улиците. Тие сметаа дека работничката класа во Унгарија е тотално идиотска и претпоставуваа дека експлоатираните ќе ги проголтаат сите лаги кои тие ги кажуваа во нивната светкава куќа, парламентот.

Демократите во опозиција изгледа ги осудуваат крвавите настани на улиците, но потајно ги поддржуваат побунетите, кои обично се испратени од фашистичките организации како Jobbik Magyarországért Mozgalom (Движење за Десна Германија), 64 Vármegye Ifjúsági Mozgalom (64 стотини младинско движење). Од друга страна пак, тие се исплашија затоа што изгубија контрола врз десничарската маса , па она што остана водеше кон борби меѓу фашистите и државата. Гласот на вистинската класна борба беше исфрлен од носталгичниот национализам на Сикели-химната и засега одразот на експлоатацијата кој се претвора во псевдо-револуционерна националистичка комедија. Фашизмот ги користи оние членови/ки на работничката класа кои бараат брза промена на режимот/власта за да го прошират контра-револуционерниот период. Псевдо-мусолиниевцките/ките исто така рикаат во своите говори. Луѓето не ги отфрлаат,но не се ни идентификуваат целосно со овие говорници/чки. Илјадници луѓе демонстрираа, но само во понеделникот и вторникот имаше сериозни улични биѕки со полицијата. До сега, само реформистички барања од страна на синдикатите, демократските демонстрации на студентската само-назначена влада и вистински експлоатираниот народ се на улица. Од друга страна пак малку е сомнително што нема социјални барања, воопшто протестен глас, наместо тоа конфликтот скршнува од директно експлатираните и се фокусира само на судирот помеѓу владата и опозицијата. Демонстрантите/ките изјавија дека ќе користат улични блокади и граѓанска непослушност со цел да влијаат на владата.

Делови од кретенската, “покајаничка”, но отфлачка исповед на Ференц Ѓурчени беа објавени на 17ти септември. Подоцна беше објавен целиот говор. На тој ден масата започна да демонстрира пред парламентот со своите национални обележја и извикуваа слогани кои се однесуваа на говорот на проститутката на капиталот со мали промени: “Ти заеба! Ти заеба!”. Тогаш тие побараа оставка на владата: “Ѓурчени оди си!”. Имаше и други барања како: “Промена на режимот!”, “Оставка!”, “Доле на Тријанонскиот мировен договор!”. Некои луѓе од масата отидоа до канцеларијата на државната телевизија и сакаа да ги објават своите барања. Масата, управувана од бонхедси (фашистички синхеди), ја опседна зградата. Различни групи на фудбалски навивачи/ки, кои обично се непомирливи непријатели/ки, ја обединија својата сила. Тие ги пцуеја евреите/јките, а поголемиот дел од луѓето заедно извикуваа: “Доле Трианонскиот мировен договор!”. Пеењето на националната химна, националистичките слогани од револуцијата од 1956та и националните знамиња ги одбележаа овие настани. Имаше многу унгарски знамиња со боите на Домот на Арпид (венецот на првата унгарска династија, која подоцна, за времето на Втората Светска војна го користеа унгарските нацисти/ки). Во близина демонстрантите/ките исто така го оштетија Советскиот споменик. Тие не беа монолитни, затоа што некои од нив сметаа дека не треба тоа да се прави. Полицијата беше целосно неподготвена, изгубено стоејќи и обидувајќи се да ги одбрани просториите на државната телевизија, но не беа во можност да ги уапсат лидерите. Не беа толку самоуверени како вообичаено, бидејќи беа помалку.

Доколку на улицата се одвиваше чисто класна борба, фашистите/ките ќе се бореа обединети со полицијата против нас! Ова е граѓанска војна во буквална смисла на зборто. Гласот на класната борба е исфрлен, а еден стратум од работничката класа удира и ги потпира ѕидовите на отуѓувањето. Само-ограничувачкиот национализам на мешавина од фашисти/ки и десничарската маса кои би можеле да ја препознаат манипулацијата од страна на буржоазијата и да станат свесни за својата пролетерска егзистенција. Сега тие само го оддржуваат капитализмот, затоа што се измамени од политиката и медиумската манипулација, па наместо својот повреден живот, за основа ги земаат националистичките митови. Тие сеуште веруваат во опозицијата, која сака само да не управуцва и експлоатира, исто како што прават и социјал-демократите/ките. Тоа можат да го постигнат само со легално гласање на масата. Сепак, првите три ката на канцелариите на телевизијата беа опустошени. Не само од фашистите/ките, туку и од бездомници/чки, стари жени, студенти/ки, панкери/ки, роми/ки. Тие удираа по пленот земен од скршените креденци, цигари, разладувачи, се стана бесплатно. Пљачкосувањето беше вршено во најголем дел од сиромашните, бидејќи тоа е традиција на пролетеријатот, а не на контра-револуционерите/ките. Преку ноќта беше исфрлен духот на револуцијата, барем на овој начин. Неколку полицајци/ки беа повредени, но на крај работите сепак повторно се смирија.

Следниот ден, вторникот, револтираните, водени од фашистички групи, ја нападнаа полицијата на плоштадот Блаха Лујза. Една од нивните цели беше канцеларијата на MSZP (Унгарската Социјалистичка партија). Нивните слогани беа: “Предавници!”, “Ри-Ри, Хунгари!”. Полицијата започна да ги апси револтираните користејќи ТВ камери и фотоапарати. Полициската суровост се зголемуваше, тие ги напаѓаа пасивните гледачи/ки кои беа тука од досада. Во меѓувреме студентската демонстрација против универзитетското туторување и изборниот собир на партијата во опозиција, Фидеш (Алијанса на млади демократи/ки), беа одложени. Преку ден стотици луѓе, но преку ноќ илјадници луѓе, демонстрираа против владата. Тие бараат конвенционално собрание и нови избори. Демонстрации се случуваат и во други градови од земјата, на пример во Шегед, Мишколц, Дебрецен, Шомбателѕ, Ѓор, Залегершег. Во средата имаше само неколку револтирани на улиците, а полицијата беше супериорна. Околу 150 револтирани беа уапсени, а по 500 луѓе сеуште се трага. Имаше неколку повредени, од кои 138 беа полицајци/ки.

Политичарите/ките и медиумите продолжуваат да манипулираат кога изјавуваат дека “анархистички клошари/ки” беснеат низ улиците. Фашистите, со нивната буржоазија зад нив, оживеа. Тие шират илузии за 1956, сакајќи да си го присвојат наследството од комунистичката револуција со цел од тоа да направат националистички настан. Извикуваат слогани кои се однесуваат токму на ова. Десничарските политичари/ки и “луѓето симнати од небо” заедно се надеваат на ветувачка иднина на нацијата, додека владата и опозицијата продолжуваат со своите изборни кампањи. Ситуацијата заживеа, ништо друго не останува освен да се разбуди пролетерјатот за време на “ноќта на долгите ножеви”…

Barikád Kollektíva

(Барикаде колектив)

September 2006